ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кожув победи кај Шкупи, Пековиќ МВП на колото

Кожув победи кај Шкупи, Пековиќ МВП на колото

сподели
Пековиќ на загревањето пред мечот со Блокотехна, во рамките на 1-то коло во домашното првенство.

Гевгеличани се радуваа во Скопје со 65:69 и го приредија изненадувањето на 11-та рунда, што е последна во првата половина од регуларниот дел на сезоната и воедно за оваа година.

FIBA Livestats

Миладин Пековиќ постигна 39 поени, за 40 минути игра, зачинети со 5 скока и 1 асистенција. И покрај 7-те загубени топки, учинокот на Пековиќ е грандиозен и со ваква статистика заслужува да биде најкорисен во 11-то коло.

FIBA Livestats

Кај домашните, Тејлор постигна 23 поени, Херис имаше 14 поени, Муојеке 12 поени, Ристов постигна 10.

FIBA Livestats

По 11 натпревари, Кожув има 3 победи и 8 порази на 9-та позиција, додека Шкупи има 2 победи и 9 порази, на 10-та позиција на табелата во нашата прва лига.