ПОЧЕТНА БИБЛ Кожув не најде лек за ефикасните Албанци

Кожув не најде лек за ефикасните Албанци

сподели

Единствениот македонски претставник во БИБЛ лигата претрпе пораз и на вториот натпревар од регионалното натпреварување.

Подобар од Кожув беше албанскиот прволигаш Теута кој во Гевгалија славеше со 95:84.

Аплицирајте веднаш за

Гостите подобро го почнаа натпреварот, во првата четвртина главно имаа предност, но по една серија од 8-1 првпат дојде до двоцифрена разлика. И по паузата работите не се сменија, Теута го контролираше резултатот и постојано ја зголемуваше предноста.

Но, Кожув не планираше да се предаде. Добро го почна последниот период, прво намали на -9, а на три минути пред крајот се доближи на само три поени негатива. Но, недостасуваше последниот чекор, гостите погодија постигнаа осум поени по ред и го решија прашањето околу победникот.

Тројца кошаркари му ја одлучија судбината на нашиот тим: Хисенаголи, Вилсон и Коупс кои заедно постигнаа 70 од вкупно 94 поени на Теута.

Миладин Пековиќ беше најефикасен во тимот на Кожув со 23 поени, додека Мишковиќ оствари дабл-дабл со 13 поени и 10 скока.

Својата прва победа во БИБЛ лигата, гевгеличани ќе ја бркаат идната недела на гостувањето кај Башкими на Косово.