ПОЧЕТНА БИБЛ Кожув и натаму е без победа во БИБЛ

Кожув и натаму е без победа во БИБЛ

сподели

Башкими е третиот тим што го совлада гевгелискиот тим во регионалното натпреварување.

На второто гостување оваа сезона во БИБЛ лигата, Кожув загуби со 80:76 иако имаше услови да дојде до триумф.

Аплицирајте веднаш за

Башкими подобро го почна натпреварот, поведе со 7:2, но тоа кратко траеше бидејќи Кожув врати со иста мерка, а до крајот на првата четвртина ја задржа предноста иако таа не беше многу висока.

Во вториот период екипите се менуваа во водство, но домаќините беа тие кои прво посериозно се одлепија откако во последната минута поведоа со 6 разлика (45:39). На стартот од третата четвртина предноста беше и двоцифрена (52:42), но следуваше серија на Кожув од 14:2 за преземање на водството на средината од тој квартал.

За жал, следуваше уште еден пресврт, сега во режија на Башкими кој во последните 10 минути направи и осум поени предност (80:72) и тоа веќе беше недостижно за македонскиот претставник.

На крајот одлучи лошиот шут за тројка на гевгеличани кои погодија само три пати од 21 обид од далечина. Караколев одигра одличен натпревар постигнувајќи 18 поени, Мишковиќ оствари дабл-дабл со 16 поени и 10 скока, но сето тоа остана залудно. Својата прва победа Кожув ќе ја брка на 22 ноември во дуелот со казахстанскиот Барси.