ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кожув е моќен пред своите навивачи

Кожув е моќен пред своите навивачи

сподели

Дербито на петтото коло од Првата македонска кошаркарска лига му припадна на гевгелискиот тим кој ја оствари втората победа во вториот меч на домашен терен оваа сезона.

Во Гевгелија го победи Куманово со 56:50 како одмазда за ланските два пораза од кои особено беше болен оној на свој паркет на кој противникот славеше со 67:82.

Аплицирајте веднаш за

Овој меч немаше кошаркарска убавина, двете екипи играа во грч за што најдобар доказ е и вкупниот број постигнати поени. Ретко некој од противниците се одлепуваше на резултатски план, највисоката предност на Куманово изнесуваше пет, а на Кожув девет поени.

Но, гевгеличани беа максимално ефективни, ги чуваа силите за финишот и во последната четвртина го извадија најдоброто од себе. Највисокото водство го достигнаа на 7 минути пред крајот кога поведоа со 49:40 и тоа на крајот им ја донесе победата.

Куманово ја имаше својата шанса да се врати во игра, но неколку брзоплети напади кога се одлучуваше победникот им го донесоа вториот пораз во низа по трите победи на почетокот од сезоната. Гостите не најдоа замена за отсутниот Думиќ кој беше меѓу најдобрите на претходните натпревари.

За тоа дека ова не беше најдобар натпревар на двете екипи најдобар доказ е статистиката. Куманово погоди 32% од ударите од поле, Кожув постигна само една тројка од 17 шута, а сите заедно имаа вкупно 33 загубени топки.

Бранислав Ѓекиќ со 14 поени беше најефикасен на натпреварот, додека Караколев и Пековиќ го предводеа Кожув до победата.