ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кожув го донесе осмиот стрелец во српското првенство

Кожув го донесе осмиот стрелец во српското првенство

сподели

Во борбата на три фронта претстојниот месец, гевгеличани одлучија дополнително да ја засилат екипата која ја очекуваат многу тешки натпревари.

Нов член на Кожув е американскиот бек Девонте Вилијамс кој доаѓа од српскиот прволигаш Спартак Суботица. Во првиот дел од првенството на нашиот северен сосед, во кој не играат АБА лигашите, 24-годишниот кошаркар одигра 15 натпревари и има ефект од 17,5 поени, 3,3 скока и 2,5 асистенции по натпревар.

Од вкупно 15 настапи, само два пати бил со едноцифрен број поени што значи дека најстариот гевгелиски кошаркарски клуб може да се надева на поголема ефикасност во продолжение од сезоната.

Своето деби за новиот тим Вилијамс ќе го забележи на 19 јануари кога Кожув го пречекува Гостивар, а четири дена подоцна гевгеличани гостуваат во Албанија во рамките на БИБЛ лигата.