ПОЧЕТНА Избор на уредникот Кога ќе биде закажано вонредното собрание на МКФ и кои се кандидатите?

Кога ќе биде закажано вонредното собрание на МКФ и кои се кандидатите?

сподели
Фото: Архива од претходните изборни и вонредни седници на Собранието на МКФ.

Единствената кандидатура поднесена во просториите на Македонската Кошаркарска Федерација, на потенцијалните кандидати за претседател на нашата кошаркарска куќа, е онаа на Владо Илиевски.

Процедурата за свикување на вонредно собрание, на кое што прво треба да се изгласа недоверба на моменталното раководство, па потоа, ако се случи тоа, да се бира нов претседател на Федерацијата, е следнава:

Аплицирајте веднаш за

МКФ треба во рок од 15 дена да се изјасни по поднесената иницијатива, да провери дали се е регуларно и потоа следува период во кој што МКФ треба да закаже вонредно собрание, на кое што ќе се случат, или нема да се случат, промени.

МКФ треба да ги повика своите членки на заедничка средба, која што се надеваме дека ќе заврши и нема да помине во небулозна атмосфера како последната, пред новогодишните празници.

Двете македонски кошаркарски легенди, секој на свој начин и со својот бекграунд, предизвикувачот Владо Илиевски и актуелниот прв човек Петар Наумоски, ќе ги вкрстат копјата секој со своите адути. Победникот ќе застане или остане на чело на Федерацијата.

Според прогнозите, некаде на крајот на февруари би требало да знаеме кој татко, ќе ни ја води кошарката во наредниот период.