ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кога работиш со срце, животот ти враќа од срце! Честитки за 3х3...

Кога работиш со срце, животот ти враќа од срце! Честитки за 3х3 Баскетбалл!!

сподели

Кога ти велат дека тоа не може да пројде или нема да се оствари, а доволно веруваш во она што сакаш да го направиш, немој никогаш да се откажуваш! Негацијата кај другите е само недостаток на имагинација, а за тебе треба да е дополнителна мотивација!

Здружението 3х3 Баскетбалл се појави на сцената пред една година и веднаш ги освои симпатиите кај симпатизерите на 3х3 баскетот во Македонија. Оваа мега-популарна-улично-маалска игра, доби своја институционализација и во нашата земја.

Во светски рамки, одамна се играат натпреварите три на три, од сезонава (која што завршува на крајот на октомври во Пекинг) во наградниот фонд на ФИБА се вртат повеќе од 1 милион евра, а ние навреме се освестивме и почнавме со организација на вакви турнири.

Најголема награда за еден организатор на еден јавен настан од кој било карактер, е реакцијата на публиката. Овој кадар, кажува се!
Аплицирајте веднаш за

Иако секој почеток е тежок, особено кај нас, да ги убедиш луѓето дека она што го правиш е квалитетно, издржано и популарно, сепак Драган Караџовски го истера своето и им покажа на сите дека малиот црвен орган кој што пумпа во градите, е пресудниот елемент за успехот.

„Официјално ја затворивме првата FIBA3x3 сезона во Македонија! Со стил како што доликува! На завршниот турнир учествуваа 12 екипи во машка конкуренција и 8 екипи во женска. Првиот 3х3 шампион на Република Македонија е екипата Баду!

Второ пласирана е екипата Кантина и трети во машката конкуренција беше екипата на Њубис. Кај жените првото место го освои екипата Ghost Ballers, второ пласирана беше екипата The BB’s, а трета заврши екипата на Proactive.“ – напиша Караџовски на неговиот Facebook профил.

Екипата што, со мали повремени и оправдани промени во кадарот, сезонава неуморно се трудеше сите 3х3 турнири да изгледаат – светски! Честитки!

Никој на светот не е роден да живее сам, па така и Даци имаше поддршка од битните фактори во нашава држава, кои што, иако со доза на резерва, сепак видоа во кој правец се движат мислите на претседателот на здружението 3х3 Баскетбалл.

„За ваква беспрекорна 3х3 сезона во Република Македонија мора да им се заблагодариме на Агенција за млади и спорт, Македонска Кошаркарска Федерација, Спортски Центар Борис Трајковски, на нашите спонзори што беа покрај нас оваа сезона.

Исто така да им се заблагодариме на институциите кои го препознаа овој настан – Skopje City Mall, Општина Охрид, Општина Гевгелија и КК Кожув, Општина Пробиштип, Општина Свети Николе и секако на општината Општина Центар и Град Скопје што ни овозможи една спектакуларна завршница.

Благодарност до најбитните на нашите турнири а тоа се екипити кои не пратеа на сите овие турнири! 3х3 караванот продолжува!“ – вели Караџовски.

Дане Стојковски и Драган Караџовски

Организаторот на завршниот турнир, „изненадувачки“, му додели плакета на Караџовски, за несебичниот однос кон спортот и за огромниот придонес во популаризацијата на најсветото нешто што еден човек може да го упразнува – физичката активност, која што е предуслов за здрав живот, а здравите луѓе прават здраво општество.

„Не сум сретнал поголем ентузијаст, во денешно време. Не сум сретнал момче кое што повеќе сака да направи нешто, а тоа нешто доаѓа од неговата душа.

И благодарам на неговата фамилија, на неговите скромни родители кои што го одгледале, со цел да може денес, да го прави ова што го прави.

Даци, немој да застанеш тука!“ – беа, парафразирани, зборовите на Дане Стојковски, одговорниот во секторот за спорт при Општина Центар.

Компетитивниот дел на 3х3 сезоната во Македонија заврши, следно е гостувањето на најпознатиот светски тренер, Данило Лукиќ кој што ги тренира баскетџиите на Нови Сад, најдобрата екипа на светот според ранкингот и според резултатите.

Фотографија: Александар Ристовски