ПОЧЕТНА ЕВРОБАСКЕТ 2017 Кога парите се поважни од европската титула…

Кога парите се поважни од европската титула…

сподели

Словенечката репрезентација изненади на последното Европско првенство освојувајќи ја титулата, првпат во својата историја.

Цела држава пулсираше во ритамот на кошаркарите, еуфоријата траеше долго по завршувањето на шампионатот и се чинеше дека нема поголема среќа за играчите и жителите на оваа земја.

Излезе дека не е така и тоа од оние од кои најмалку се очекуваше. Репрезентативците на Словенија јавно се побунија што за освоената титула на континенталното првенство добија вкупна премија од 67 илјади евра.

Аплицирајте веднаш за

За секој кошаркар се предвидени нешто над 4 илјади евра (приходите ќе бидат оданочени), а за членовите на стручниот штаб нема никаква награда. Лути поради тоа, кошаркарите му се обратија лично на Премиерот на Словенија, Миро Церар.

Во писмото прават споредба со другите репрезентации кои учествуваа на првенството, а кои беа елиминирани токму од нив. Србите, кои освоија сребрен медал, ќе добијат по 20 илјади, а Шпанците кои завршија на третото место по 30 илјади евра.