ПОЧЕТНА Балкански лиги Кога не може во Работнички, може во Левски?

Кога не може во Работнички, може во Левски?

сподели

Најкорисниот играч од последната финална серија во македонскиот плеј-оф, својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во соседството.

Расел Робинсон е пред договор со Левски и кон средината на идната недела треба да допатува во Софија, да ги среди сите формалности и да се приклучи на новите соиграчи. Пред два месеца, интересен за Левски беше и Маркус Гинјард, но крилниот играч не се „најде“ со претставниците на софискиот клуб.

Аплицирајте веднаш за

Робинсон имаше фантастична сезона во Македонија, а особено блескаше во завршницата кога Работнички ја освои титулата и ја прекина шестгодишната доминација на МЗТ Скопје.

Како резултат на тоа беше прогласен и за МВП на финалето, сосема заслужено бидејќи на најдобар начин го покри отсуството на повредениот Димитар Мираковски и ја презеде одговорноста кога беше најпотребно.

Според информациите до кои дојде basketball.mk, Робинсон добил одлични препораки од стручниот штаб на Работнички и тие биле пресудни за неговиот договор. Тренерот Тити Папазов го искористил престојот во Скопје пред крајот на август, кога со Левски играше два подготвителни натпревари против МЗТ, за да добие конечни и целосни информации за квалитетите на американскиот плејмејкер.

Тити Папазов со Левски на еден од дуелите против МЗТ Скопје

Веднаш потоа биле интензивирани реговорите по што дошло до начелен договор меѓу Левски и Робинсон кој наскоро треба да се официјализира.

Бугарскиот шампион уште од почетокот на годината беше заинтересиран и за репрезентативецот на нашиот источен сосед Чавдар Костов, но тој има договор со Работнички на уште една сезона. На почетокот од новата натпреварувачка кампања Костов ќе биде единствен странец во редовите на шампионот.