ПОЧЕТНА Евролига Кога маршираат Русите, паѓа и Мадрид

Кога маршираат Русите, паѓа и Мадрид

сподели
euroleague.net

Во дуелот на двете екипи со најмногу победи во историјата на елитното натпреварување, ЦСКА го совлада Реал со 88:93 и изби на чело на табелата со 9/1, пред соперникот кој што сега има 8/2.

Кори Хигинс имаше 24 поени за победникот, Вил Клајбурн додаде 18, Нандо Де Коло имаше 15. Факундо Кампацо имаше 21 поен за поразениот домаќин, кој што регистрира два евролигашки (Олимпијакос) и три (АЦБ Лига, Барселона) порази во низа.

euroleague.net

Жалгирис конечно победи дома, славеше со 83:78 против Армани Милано. Домашните ја прекинаа серијата од 3 порази и сега имаат 4/6, додека гостите се со скор 6/4.

Аплицирајте веднаш за

Победникот беше предводен од Брендон Дејвис кој што постигна личен рекорд од 27 поени (10 скока, 4 асистенции), а кај поразените се истакна Мајк Џејмс со 17 поени и 7 асистенции.

euroleague.net

Гран Канарија надополни 12 поени дефицит и победи со 71:75 кај Дарушафака во Истанбул, што беше прва побед на гости за шпанската екипа, која што е дебитант во Евролига.

Маркус Ериксон постигна личен рекорд од 23 поени кај победникот, за 3/7 на табелата, а Реј МекКалум имаше 13 поени со 7 асистенции за домашните кои што имаат 8 порази во низа, за скор 1/9.

euroleague.net

Макаби (2/8) ја прекина серијата од 6 порази, со домашна победа против Баерн Минхен (4/6) со 95:71. Рол имаше 14 поени со 4 скока и 4 асистенции за домашните.

Колото ќе биде комплетирано со дуелите Химки – Панатинаикос, Анадолу – Басконија, Олимпијакос – Будуќност и Барселона – Фенербахче.