ПОЧЕТНА НБА Кога Леброн чекори нагоре кон вечноста, Лејкерс победуваат

Кога Леброн чекори нагоре кон вечноста, Лејкерс победуваат

сподели
lakersnation.com

Кралот го заврши натпреварот против Портланд со 44 поени, 10 скока и 9 асистенции, за победа на најгламурозната НБА франшиза со 126:117. Освен што го помина Чембрлен на вечната листа на стрелците, Џејмс постигна најмногу поени за играч на неговата сегашна екипа, на еден натпревар, по финалето на кариерата на Коби Брајант (60 поени).

Следен на листата е Мајкл Џордан, кој што со 32.292 поена е на четвртата позиција. Статистичарите пресметаа дека со ова темпо, ако не се повреди и ако постигнува во сегашниот просек по 26.4 поени по натпревар, Леброн ќе го престигне и идолот од детството, некаде кон крајот на месец јануари следната година.

Аплицирајте веднаш за

Заедно со Чембрлен и Џејмс, меѓу најдобрите шест стрелци во историјата на НБА лигата, дури петмина некогаш во кариерите играле во ЛА Лејкерс. Лидер е Карим Абдул-Џабар со 38.387 поени, пред Карл Мелоун со 36.928 поени и Коби Брајант со постигнати 33.643 поени.

Од другите натпревари, ја издвојуваме победата на Детроит кај Торонто, со 106:104. Пистонс имаа 6 порази на последните 8 меча. Грифин постигна 30 поени за победникот, Ленард имаше 26 за поразените.

Резултати на 15-ти ноември (ESPN)

Возбудливо беше и на дуелот меѓу Милвоки и Мемфис, победија гостите со 116:113 што беше прв домашен пораз за Бакс, во новата сезона. Марк Гасол имаше 29 поени за победникот, Јанис Адетокумбо 31 за поразените.

Таунс реализира 25 поени со 16 скока, Вигинс имаше 23 во триумфот на Минесота со 107:100 против Њу Орлеанс, што е втора победа во низа за Тимбервулфс по трејдот на Џими Батлер. Мур имаше 31 поен и беше најдобар кај поразениот тим.