ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кога Гостивар ќе тргне, нема запирање

Кога Гостивар ќе тргне, нема запирање

сподели

Втора победа за гостиварци во четвртиот натпревар од новата сезона, но прва во која момците на Марјан Србиноски го покажаа сиот свој потенцијал.

Ако на стартот против Кожув остварија тесен триумф, овој против Фени Индустри со 94:70 потврди дека екипата навистина има сили за врвот од Првата лига.

Аплицирајте веднаш за

Тоа особено се однесува за второто полувреме во кое Гостивар постигна 54 поени и буквално го демолира некогашниот шампион. Кавадарчани се држеа во првиот дел, по негативата од 10 разлика, дојдоа во ситуација и да водат на средината од вториот период, но во продолжение тотално колабираа.

Домашниот тим го почна второто полувреме со серија од 13:2, а во 26. минута водеше и со 15 поени разлика (63:48). Како што одминуваше времето, предноста на Гостивар се зголемуваше, до највисоките 29.

Александар Костоски, конечно, одигра извонреден натпревар, постигна 23 поени со само две промашувања од игра, но за Фени имаше две изненадувања.

Првото беше капитенот Ренато Димитриевски кој заврши со 14 поени и 8 скока во своето најдобро издание последните две сезони. Второто беше играта на плејмејкерот Јурај Сегариќ кој се насочи на разигрување на своите соиграчи и постигна само два поена, но и 15 асистенции.

Фандербург го предводеше тимот на Фени Индустри постигнувајќи 16 поени со седум скока и пет асистенции.