ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Клубовите ќе ја изберат насоката на македонската кошарка

Клубовите ќе ја изберат насоката на македонската кошарка

сподели
Петар Наумоски и Моника Гаврилоска, претседателот и генералниот секретар на МКФ

Редовно годишно собрание одржува Македонската кошаркарска федерација.

Иако ја нема во дневниот ред, сепак под точката Разно е најавено дека ќе се разгледува изгласување (не)доверба на актуелниот претседател Петар Наумоски. Тоа не значи дека веднаш ќе се избере негов наследник бидејќи ова не е изборно собрание. Такво треба да биде закажано во следните 15 дена.

За доверба на Наумоски гласаат претставници на сите регистрирани клубови во МКФ.

Веднаш по собранието официјално ќе бидат прогласени и најдобрите кшаркари и кошаркарски работници.