ПОЧЕТНА Други лиги Клубовите во ПЛЖ добија инјекција за новата година

Клубовите во ПЛЖ добија инјекција за новата година

сподели
фото: mkf.mk

За крајот на календарската година, уште еден мотивирачки финансиски стимул за клубовите кои се натпреваруваат во Првата лига во женска сениорска конкуренција.

МКФ преку Агенцијата за млади и спорт им додели дополнителни 500.000 денари, кои што рамномерно беа распределени на сите единаесет клуба.

Раководството на МКФ на крајот на минатата сезона успеа да обезбеди средства, клубовите што имаат пријавено екипа во барем две младински лиги, да не плаќаат котизација за учество.

Покриени се и трошоците за исплата на таксите за официјалните лица на натпреварите.

МКФ се надева дека мерките кои се преземаа досега, а секако уште повеќе се планирани во непосредна иднина, ќе придонесат за развој на женската кошарка и женскиот спорт воопшто.

(преземено од mkf.mk)