ПОЧЕТНА Некатегоризирана Кливленд ќе мора да игра без Кевин Лав

Кливленд ќе мора да игра без Кевин Лав

сподели
ESPN

Освен што претрпе уште еден понижувачки пораз, екипата на Кавалирс ќе остане без еден од стартерите најмалку 6-8 недели, велат информациите од таборот на вицепрвакот.

На мечот во Детроит, Кевин Лав заработил фрактура на дланката на левата рака, на петтата метакарпална коска.

Повредата се случи во првата четвртина во поразот 125:114.

По рентгенските снимки во арената на домаќинот и по средбата со тренерот и колегите на полувремето, Лав веднаш се упатил со автомобил на скоро тирчасовно возење од Детроит до Кливленд, затоа што поради повредата не сакал да биде изложен на воздушниот притисок во авионот.

Кавалирс ќе дадат дополнителни податоци и прецизни прогнози за отсуството на Кевин Лав, веднаш по деталните лекарски прегледи што ќе бидат извршени во Кливленд.