ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КК Гостивар продолжува да се бори против неприродни сили!

КК Гостивар продолжува да се бори против неприродни сили!

сподели

Кошаркарскиот клуб Гостивар излезе со официјално соопштение по вонредниот состанок на Управниот одбор и спонзорите, свикан поради елиминацијата во полуфиналето од Купот на Македонија од Блокотехна.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„На состанок на Управниот одбор на Кошаркарскиот клуб Гостивар, кој вонредно заседаваше после случувањата и елиминацијата на КК Гостивар од куп натпреварувањето, на кој единствена точка на дневен ред беше понатамошното учество во Супер лигата се донесе следниот заклучок:

Земајќи ги предвид досега вложениот труд, напори, финанси, љубовта на градот кон спортот, обврските кон верната публика која е нашата сила, КК Гостивар ќе продолжи да се бори против сите неприродни сили кои се појавуваат во кошарката и спортот. Гостивар ќе има кошарка!

Иако, наспроти наведеното од другата страна имаме Федерација каква што имаме, иако на националниот куп судиите се делегираат во Мрзенци, иако арбитражата на тие судии ја виде целата јавност само не тие што треба, иако делегатот по своја или туѓа волја немаше никава забелешка за играњето фудбал, во нити еден момент во таа тензична атмосфера каде се промовира фер плеј не се прегледа нити една спорна ситуација на која им се сугерираше, иако денеска во Струмица беа нападнати М14 младинците на КК Гостивар, од страна на делегираниот делегат на МКФ, иако во нормалниот свет после вакви скандали има оставки и суспензии.

Сето ова во интерес на кошарката ќе биде предочено на ФИБА.

Благодарност до сите, кои не поддржаа после натпреварот во Гевгелија.“