ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КК Гостивар на вонреден состанок ќе одлучи дали останува во Суперлигата

КК Гостивар на вонреден состанок ќе одлучи дали останува во Суперлигата

сподели

Најкошаркарскиот град во Македонија може да остане без претставник во најсилното друштво.

Управниот одбор и спонзорите на Кошаркарскиот клуб Гостивар закажаа вонреден состанок на кој ќе се разгледува нвонастанатата ситуација, односно, како што велат, спорниот натпревар со Блокотехна во Купот на Македонија.

„Пристапот, делегирањето службени лица, катастрофалната арбитража, малтретирањето на навивачите и делегатот кој го виде и проголта сето тоа, се поголемиот дел од нештата кои го уништуваат спортот во државата, во случајов кошарката.

Да се уништи ваков национален настан, поради однапред зацртани цели треба да е казниво дело. Незадоволството е големо, разочарувањето уште поголемо, ако не треба да постоиме и ги реметиме плановите, нека не поштедат од давање пари. Вечерва ќе одлучиме дали ќе продолжиме или не“, стои во соопштението од КК Гостивар.