ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КК ВАРДАР: И ние сме од Општина Центар

КК ВАРДАР: И ние сме од Општина Центар

сподели

Кошаркарскиот клуб Вардар реагира на начинот на кој се врши распределбата на финансиски средства во Општина Центар.

Соопштението го објавуваме во целост:

„Спортот, пред се кошарката, во последните неколку години е спонзорирана главно од општините на чии територии е соодветниот клуб. Во услови на општа беспарица, финансиската општинска поддршка е добродојдена.

Ние како КК ВАРДАР, ќе се задржиме само на третманот на Општина ЦЕНТАР на чија територија дејствуваме, иако тоа може да се однесува до безмалку сите прволигашки екипи. Исклучок се само Блокотехна, Охрид и Фени кои имаат приватни спонзори.

Значи, сакаме да го изразиме нашето незадоволство од дискриминаторскиот однос на Општина ЦЕНТАР кон сите други клубови на оваа територија освен кон КК Работнички. Само овој клуб неколку години е спонзориран од општината, сите други се игнорирани и за нивниот опстанок не покажуваат никаква грижа.

Средствата со кои располага општината се од граѓаните кои живеат на територијата. А, по кој критериум користа ја има само КК Работнички? И ние како и тие сме прволигаши. КК Работнички не се натпреварува на меѓународна сцена. Лани беа прваци.

Аплицирајте веднаш за

А КК ВАРДАР веќе години по ред е шампион во сите младински категории. Нашите млади играчи се носители на младинските РЕПРЕЗЕНТАЦИИ на Македонија на сите европски натпреварувања.

Во нашиот клуб имаме единствена политика на форсирање сопствени играчи од подмладокот. Така настапуваме и со сениорската екипа. Наспроти нас, КК Работнички кој во минатото бил расадник на домашни играчи, сега со години нема создадено играч кој ке биде носител на играта на клубот, но и на репрезентацијата.

Ова се само дел од показателите за тоа кој и како вложува во домашниот спорт. Затоа и го искажуваме нашиот револт кон односот на Општина ЦЕНТАР кон кошарката, нивниот дискриминаторски однос, форсирањето само на еден клуб, запоставувајќи ги сите други. Општина ЦЕНТАР нема право тоа да го прави со заедничките средства на сите граѓани насочувајќи ги само кон еден клуб.

За крај да потсетиме уште еднаш: финансиската поддршка од општината е добродојдена и е неопходна, но само РАМНОМЕРНО распоредена на сите клубови и спортски активности кои се наоѓаат на територијата на неа.

Марко Симоновски

Сакаме да напоменеме дека, само во овој момент, заради овие околности КК Вардар ги загуби своите играчи, по разни клубови во Македонија и надвор!!!!! (Лефковски, Манев, Нацевски, Пајиќ, Зеќири, Мекиќ…….., а од постарите Симоновски, Крстевски, Димчевски, браќата Стојановски…) На КК Вардар му е доволна 1/4 од средствата кои ги добива КК Работнички, па да има резултати многу поубедливи и покорисни за македонската кошарка.

Сакаме да укажеме дека финансирањето од срествата добиени од даночните обврзници, треба да се враќаат во издржани проекти, а над се проекти општествено корисни и правични.

КК ВАРДАР – Скопје“