ПОЧЕТНА Некатегоризирана КЕР: Ние сме жива патетика!

КЕР: Ние сме жива патетика!

сподели

Тренерот на актуелниот НБА шампион остро ги критикуваше своите играчи по неверојатните 122:99 на гостувањето кај Јута Џез, што е резултатски најтешкиот пораз сезонава за Вориорс.

Тоа се случи на паркетот на кој што Кер ја освои последната титула со Чикаго, во времето кога расниот шутер играше за Булс.

„Срцата не ни беа тука. Видов една екипа, чиј што задник беше шутирани, ете тоа го видов. Мислам дека одигравме патетично, тоа беше одвратна кошарка.

Натпреварот го почнавме без одбрана, немавме чувство за целта што требаше да ја оствариме, а Јута се бори за влез во плеј-офот.“ – се зборовите на Стив Кер.

Екипата на Голден Стејт беше надиграна во сите четвртини, а во последната постигна прескромни 14 поени.

Јута шутираше 58% од поле, а особено беа опасни Рики Рубио кој што имаше 23 поени со 11 асистенции и Џо Инглс кој што реализира 20 поени од кои 6/8 беа тројки.