ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА КВАЛИФИКАЦИИ СП: Пораз на „нашиот“ Костов, паднаа и Србите и Црногорците

КВАЛИФИКАЦИИ СП: Пораз на „нашиот“ Костов, паднаа и Србите и Црногорците

сподели

Селекцијата на Бугарија ја загуби пресметката од Чешка, за првата позиција во квалификациската група за пласман на следното СП, со 76:78 во третото коло.

Играчот на Работнички, Чавдар Костов имаше 6 поени за скоро 15 минути игра. Бугарите имаат 4 бода на третата позиција која што последна води понатаму, колку што имаат Исланд на втората и Финска на последната позиција. Лидерот на групата Ф, Чешка, има 6.

Пораз забележа и селекцијата на Србија, на гостувањето во Германија со 79:74. Гемранците имаат 6 бода, Србите имаат 5, Грузија има 4, додека Австрија има 3 бода во групата Г.

Аплицирајте веднаш за

Европскиот шампион Словенија ја совлада Црна Гора со 63:75 во дуелот за втората позиција во групата А. Шпанците се на врвот со 6 бода по три меча, по тешката победа кај Белорусија (82:84) која што е на дното со 3 бода.

БиХ славеше против Белгија со 72:70, за втората позиција во групата Е со 5 бода, еден помалку од Франција, еден повеќе од Русија и 2 повеќе од Белгија по три кола.