ПОЧЕТНА Во позадина КВАЗИ НОВИНАР: Поразот на МЗТ бил скандал, а не знае каде се...

КВАЗИ НОВИНАР: Поразот на МЗТ бил скандал, а не знае каде се одигра натпреварот!

сподели
фото: МЗТ Скопје Аеродром, Драган Митрески - Дади

Сведоци сме на современото пар-екселанс новинарство, особено по појавата на електронските медиуми и социјалните платформи, кои што се можност секој еден (не)писмен човек да каже нешто што (мисли дека) знае и пак да остане жив.

Новинарството претпоставува согледување, анализа, фактографија, издржаност, навременост, точност, прецизност, искуство, знаење, владеење на материјата за која што се информира или се зборува, особено за она што се коментира, затоа што коментирањето и искажувањето некаков став кон нештата е врвот на новинарството.

Мислевме дека само кај нас има квази новинар(ч)и(ња) по медиумите, дека само кај нас се трескаат зелени, дека само кај нас културно се рекетира преку новинарството, дека само кај нас нема или не функционира законската регулатива за зборот на 7-та сила кој што може едноставно да биде кажан од кого било, без разлика какви консеквенци тоа може да има по општеството во целина.

Аплицирајте веднаш за

Српскиот медиум Mondo.rs, наведува дека поразот на МЗТ Скопје од Олимпија е скандал, споменува двоцифрени негативи во „кладилничарски“ жаргон, вели дека поразот е простување на македонскиот шампион од АБА лигата „со стил“ и дека салата „Борис Трајковски“ се срамела од она што се случува под нејзините сводови.

PrintScreen – mondo.rs

Дали оној што ја напишал статијата знае дека името на „двораната“ е „Јане Сандански“? Дали знае дека за набедување – ако тоа била целта на текстот (можеби не сме разбрале, па ќе се извиниме) – се одговара пред закон? Дека МЗТ Скопје можеби и нема да се прости од АБА лигата и повторно ќе игра во регионалната елита и догодина?

Дали оној што го пишал текстов знае дека во МЗТ Скопје играат, играле и ќе играат Срби, дека тренер во моментов е Србин? Кој кого тука набедува?

Жељко Лукајиќ, Дамјан Стојановски,
Ѓорѓе Мајсторовиќ (фото: МЗТ Скопје Аеродром, Драган Митрески – Дади)

Овој текст, на многу популарниот медиум во соседна Србија што скоро редовно сосема коректно ги следи сите спортски збиднувања, е непрофесионален, неетички и несоодветен за еден ваков медиумски магнат каков што е Mondo.rs.

Абе на чоек да му пукне жуќка! Новинарството, едноставно, се претера… Се претера…

(Во текстот е користен сленг.)