ПОЧЕТНА Европски лиги Каталонска лекција за европскиот шампион

Каталонска лекција за европскиот шампион

сподели

Првото Ел Класико оваа сезона и припадна на Барселона. Пред своите навивачи, заспаниот џин го растури Реал Мадрид со 86:69 и ја презеде лидерската позиција во АЦБ лигата.

Европскиот првак беше ослабен со неиграњето на Серхио Љуљ и Огњен Кузмиќ, но и покрај тоа веројатно малкумина очекуваа толку убедлив триумф на Барселона.

Реал доминираше во првото полувреме, особено во првите 15 минути по кои водеше со 24:33. Следуваше серија од 13:0 на Барса се преземање на водството, а домашниот тим замина на пауза со предност од 3 разлика (39:36).

Аплицирајте веднаш за

Реал ја врати контролата над резултатот во третата четвртина, со серија од 9:0 поведе со 44:48, но и тоа кратко траеше. Клучни беа 13-те поени во низа во последната четвртина кога тргна шутот на Барселона и на три минути пред крајот екипата на Светислав Пешиќ имаше +17, колку што и заврши натпреварот.

Одлучи шутот од далечина на Барса, домашните кошаркари погодија 13 тројки од 26 шута, а ја добија и битката под кошевите каде остварија девет скока повеќе од противникот. Кајл Курич со 16 поени ја предводеше Барселона, додека ЏејСи Керол беше прв стрелец во екипата на Реал со 12.