ПОЧЕТНА ЕВРОПА Каталонецот Томиќ е МВП на 15-та рунда, не го исплашија играчките на...

Каталонецот Томиќ е МВП на 15-та рунда, не го исплашија играчките на Бургос

сподели
фото: Барселона

Хрватскиот репрезентативец е убедливо најдобриот играч на колото, во шпанската АЦБ лига, по победата на Барселона со 80:85 кај Сан Пабло.

Анте Томиќ имаше 23 поени, со 9 скока, со шут 9/12 за два поена и со валоризација 37, што беше и повеќе од доволно да се закити со престижното признание.

Пред стартот на мечот, домашната публика го покри паркетот со безброј играчки, во знак на солидарност, кои што ќе одат во рацете на оние што не можат да ги купат.

Барселона е лидер на табелата со 26 бода, Басконија и Реал имаат по 22. Во следното коло, на 12-ти јануари водечката тројка игра со Бреоган, кај Хувентуд, односно со Сарагоса.