ПОЧЕТНА Во позадина КАРЛЕУША ЗА ДЕЛИЈЕ: Имате мали пе..си!

КАРЛЕУША ЗА ДЕЛИЈЕ: Имате мали пе..си!

сподели
HotSport.rs

Транспарентот на Делије предизвика реакции во јавноста во Србија, а меѓу најрадикалните е онаа на пеачката Јелена Карлеуша, која што ги нарече навивачите на Црвена звезда (во слободен превод) горили со мали пе..си кои што се силни само кога се во група, воедно и дека нивното мислење воопшто не е важно.

Коментарот на српската пејачка се однесува на пораката што навивачката група на Црвена звезда му ја упати на словенечкиот кошаркар со босанско потекло Ален Омиќ, кој што, според Делије, не е пожелен во „нивниот“ клуб и тие нема да доаѓаат на натпреварите додека тој игра во црвено-белиот дрес.

Интересно е што популарната пејачка Јелена Карлеуша е сопруга на српскиот фудбалер Душко Тошиќ, кој што во моментов настапува за турската екипа Бешикташ од Истанбул, но во минатото играше за белградската екипа Црвена звезда (2010-2012).

Се уште нема официјална реакција од раководството на Црвена звезда, за потегот на навивачката група. Делије одамна се изјаснија дека за нив АБА регионалната лига не постои, а сега се заканија дека нема да доаѓаат и на натпреварите од Евролига.

Овие реакции на Делије се најверојатно предизвикани од војната по распаѓањето на СФРЈ.