ПОЧЕТНА НБА Кари во чекор го следи Леброн и урива рекорди во својата сфера

Кари во чекор го следи Леброн и урива рекорди во својата сфера

сподели

Двете најголеми кошаркарски ѕвезди на денешницата, поставуваат нови лимити во кошарката, секој во својата „област“ – Кари во шутерските категории, а Леброн во обидот да биде запаметен како најдобар на сите времиња.

Стеф Кари постави уште еден рекорд со седум редоследни натпревари на кои што постигна најмалку по пет тројки, рушејќи го достигнувањето на Џорџ МекКлауд поставено во сезоната 1995/96.

Аплицирајте веднаш за

Бекот на Голден Стејт Вориорс постигна 35 поени во победата 108:115 против Бруклин Нетс, за скор шест победи и еден пораз за шампионот на почетокот на сезоната.

Тоа е најдобро остварување во Западната конференција и во лигата, до следните натпревари на Милвоки и Торонто кои што имаат по шест победи без пораз во Источната конференција.

Резултати на 29-ти октомври (ESPN)

Кевин Дјурант додаде 34 поени, а на спротивната страна најдобри беа ДиАнџело Расел со 25 поени и Карис Леверт со 23 поени. Нетс постигнаа 20 тројки од 42 обида.

На другите средби, Јута славеше кај Далас со 104:113, Оклахома победи против Феникс со 117:110 и Клиперс славеа против Вашинготн со 136:104.