ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КАРАЏОВСКИ: Решени бевме да покажеме што сме научиле

КАРАЏОВСКИ: Решени бевме да покажеме што сме научиле

сподели

Првиот 3х3 баскет турнир во тековната сезона, на територијата на Република Македонија помина беспрекорно, од организациски и од натпреварувачки аспект.

Учествуваа само екипи од нашата земја, но во моментов и тоа е доволно, да видиме каков квалитет имаме и колку публиката кај нас го сака баскетот.

Аплицирајте веднаш за

Оваа дисциплина прераснува во олимписка, а здружението 3х3 Баскетбалл во соработка со МКФ и АМС, најавува дека ќе се атакува на место на ЛОИ во Париз 2024 година.

“Задоволни сме од првиот 3х3 турнир во новата сезона и покрај лошите временски услови, кои што беа голем проблем во викендот кога го организиравме натпреварувањето.

Ја кренавме организацијата на многу повисоко ниво од минатиот турнир, кој што беше прв што го организиравме откако ја добивме лиценцата на ФИБА за организацијата на вакви турнири на територијата на Македонија, но сепак мислам дека се уште учиме.

Наредните турнири ќе бидат уште подобри, очекувам и квалитетот на екипите да биде подобар, а со тоа да има уште повеќе публика, затоа што знаеме дека Македонците сакаат баскет, многу генерации кај нас израснале со овој спорт.

Голема благодарност до Скопје Сити Мол, како и до сите оние кои го поддржаа овој спектакл. Честитки до сите екипи кои што придонесоа публиката максимално да ужива.” – изјави Драган Караџовски, претседател на „3х3“ Македонија и координатор на „3×3“ натпреварувањта под капата на МКФ.