ПОЧЕТНА А Репрезентација КАПИТЕНСКА: Здравје за сите, љубов, среќа и ново големо натпреварување

КАПИТЕНСКА: Здравје за сите, љубов, среќа и ново големо натпреварување

сподели

Во 2018-та година ви посакуваме, од мое име и од името на сите репрезентативци, најубавиот ден во претходната да ви биде „најлош“ во следната година.

Да напредуваме на сите полиња, да бидеме единствени, да ја вратиме славата на македонската кошарка и повторно да ги полниме нашите сали, каде што ќе играме и ќе ги браниме боите на нашата држава.

Да се пласираме на следното континентално првенство и тоа да биде нашиот нов почеток, кон нови големи дострели.

Среќна Нова Година во името на Војдан Стојановски и basketball.mk!