ПОЧЕТНА Други лиги КАПИТЕНОТ: Мотивацијата беше пресудна

КАПИТЕНОТ: Мотивацијата беше пресудна

сподели
mkf.mk

Екипата на Вардар успеа да се закити со титулата во нашата женска кошарка, а капитенот Симона Деловска ја оцени тимската игра како главна одлика на нејзината екипа, односно мотивираноста како клучниот фактор за освојувањето на големиот пехар:

„Претходните два натпревара игравме многу постабилно, ова не беше најдобро наше издание, но секој играч беше максимално мотивиран и мислам дека тоа пресуди на крај.

mkf.mk

Се разбира, поддршката од нашата клупа, од целиот стручен штаб на ЖКК Вардар и се разбира од трибините, беше дополнителен мотив да го освоиме пехарот.“

Вардар го совлада Бадел со 3:0, во плеј-оф финалето, а претходно ја освои и куп-титулата против истиот противник, на завршниот турнир во Гевгелија.