ПОЧЕТНА НБА Канада е неосвоива тврдина дури и за шампионот

Канада е неосвоива тврдина дури и за шампионот

сподели
goldenstateofmind.com

Во спектакуларен натпревар кој може да го прогласиме и за натпревар на сезоната, Торонто во Ер Канада Центар го совлада шампионот Голден Стејт со 131:128. Натпреварот беше решен по дополнителните пет минути, откако во регуларниот дел беше 119:119.

Торонто, до победата, го предводеше Каваи Ленард со 37 поени и 8 скока. Шампионот одново беше без помошта на Кари и Грин, како и на подолго повредениот Казинс, па во нивно отсуство целата слобода во играта ја има Дурант.

Аплицирајте веднаш за

Тој натпреварот го заврши со 51 поен, 11 скока и 6 асистенции, но ниту тоа не беше доволно за да се победи најдобриот колектив во НБА лигата во моментов, кој сезонава има скор од 19 победи и само 4 порази.

Двата пораза по ред како да го разлутија кралот Џејмс, кој со 38 поени, 9 скока и 7 асистенции ги предводеше Лејкерс до домашна победа над Индијана со 104:96.

Леброн ја покажа својата величина кога се кршеше резултатот, во последните минути од натпреварот, постигнувајќи 12 од 38-те поени. Сабонис беше најефикасен кај гостите со дабл-дабл, 20 поени и 15 скока.

Клиперс, со победата на гости кај Сакраменто со 121:133, го задржаа првото место на Западот. Најефикасен во победничкиот тим беше Тобајас Херис, кој продолжува со одличните настапи.

По минатонеделното признание за најдобар играч на неделата, сега постигна 28 поени. Кај поразениот тим, се истакна Богдановиќ со 26 поени.