ПОЧЕТНА Евролига Калиниќ без влакна на јазикот, удри по цела екипа

Калиниќ без влакна на јазикот, удри по цела екипа

сподели
фото: Beta/AP Photo/Alvaro Barrientos

Втора година по ред Фенербахче оди чекор назад во Евролигата. Во 2017-та година ја освои титулата, лани загуби во финалето, а сега ќе игра за третото место.

Да биде уште полошо, во полуфиналето загуби од градскиот ривал Анадолу Ефес, еден од најголемите ривали на овој клуб. Никола Калиниќ не беше задоволен од играта на својата екипа и упати остри критики.

„Пристапот ни беше срамен. Може да се случи да не оди шутот, но да не натскокаат вака, тоа е катастрофа“, изјави српскиот репрезентативец.

Иако Фенер е една од најдобрите скокачки екипи во Евролигата, на овој натпревар имаше дури 18 прифатени топки помалку од Ефес (25:43). Дел од причините за тоа лежат во неиграњето на францускиот репрезентативец Жофри Ловерњ.