ПОЧЕТНА НБА Како ќе изгледаат Лејкерс и Вориорс, во меѓусебното соочување?

Како ќе изгледаат Лејкерс и Вориорс, во меѓусебното соочување?

сподели
nba.com

Калифорнија има најмногу НБА екипи, дури 4. Најгламурозната од сите во Лигата и втората најуспешна (16 титули вкупно), ќе и биде домаќин на најофанзивната на денешницата и актуелен шампион (5 титули вкупно).

Голден Стејт ќе гостува во Стејплс Центарот, со надеж дека конечно ќе има барем еден здрав Ол-Стар играч, против ЛА Лејкерс кои што градат млада и талентирана екипа во обидот да се вратат на славните патеки.

Во поразот од Сакраменто, поради повреди и неопходен одмор на материјалот, не играа Кари (десна рака) и Дјурант (лев скочен зглоб). Игудала играше и покрај проблемите со левото колено, а Грин исто така настапи со проблеми, на повреденото десно стапало.

nba.com
Аплицирајте веднаш за

Кај Лејкерс, Лери Ненс се врати во поразот од Клиперс, по пауза од 11 натпревари поради фрактура во левата рака.

Дебитантот Кајл Кузма играше на негово место и одлично ја искористи шансата, што значи оваа екипа добива човек повеќе (со искуство) во ротацијата.

nba.com

Една деликатна ситуација, што ги мачи и тренерот и вториот пик на драфтот, е отсуството на Лонѕо Бол во последните минути од последните.

Особено на „тесните“ натпревари, што според стратегот Лук Волтон, поранешен играч на оваа франшиза, не е ништо ново или невообичаено.

nba.com

Лејкерс имаат само три победи на последните 10 меча, а Вориорс имаат три порази. Актуелниот првак има 7:3 во последните 10 соочувања, меѓу овие две екипи.