ПОЧЕТНА ЕВРОПА Како цела вечност: Поминаа 24 години од смртта на Дражен Петровиќ

Како цела вечност: Поминаа 24 години од смртта на Дражен Петровиќ

сподели

На денешен ден се навршуваат 24 години од прераната смрт на еден од најдобрите европски кошаркари во историјата Дражен Петровиќ.

“Кошаркарскиот Моцарт” загина во сообраќајна несреќа на 7 јуни 1993 година во Германија по враќањето од квалификацискиот турнир што се играше во Полска. Автомобилот во кој се наоѓал тој, бил управуван од неговата пријателка, а при несреќата, Петровиќ, кој се наоѓал на совозачкото седиште, излетал низ ветробранското стакло и загинал на лице место.

Аплицирајте веднаш за

Во моментот на несреќата, Дражен Петровиќ беше член на Њу Џерси Нетс (сегашен Бруклин Нетс), а важеше за убедливо најдобар европски кошаркар во тој период. Пред да замине во НБА лигата, го носеше дресот на Портланд Трејлблејзерс, Реал Мадрид, Цибона и Шибенка.

Во својата кариера, освои две титули во Купот на европските шампиони (сегашна Евролига) со Цибона и вкупно осум медали, од кои три златни со југословенската репрезентација на големите кошаркарски натпреварувања.

Иако прерано го заврши животот, Дражен Петровиќ остана идол на многу млади кошаркари кои токму поради него почнаа да се занимаваат со овој спорт.