ПОЧЕТНА Избор на уредникот Како си помагат Србите? Со меѓусебна почит!!!

Како си помагат Србите? Со меѓусебна почит!!!

сподели
фото: Mondo, MN Pres

Репрезентациите во септемврискииот квалификациски прозорец ќе останат посиромашни за учеството на НБА играчите. Проблеми имаат сите, веќе долги години, но нашиот северен сосед успеа некако да ги амортизира.

Сакраменто Кингс ги ослободи двата аса на Србија, кои што ќе и помагаат на својата земја во битните моменти за српската кошарка, која што продуцира огромен број кошаркари кои што го поплавуваат Стариот континент, но и одат преку Океанот.

фото: Espreso, Dado Djilas

Немања Бјелица и Богдан Богдановиќ ќе бидат дел од националната селекција во можеби круцијалните мечеви за пласман на следното СП, што ќе се игра во Кина, наредната година.

Аплицирајте веднаш за

Никола Јокиќ од Денвер Нагетс, односно Милош Теодосиќ и Бобан Марјановиќ од ЛА Клиперс, не добија дозвола од нивните екипи, да долетаат во Европа.

фото: Nebojsa Parausic, Mondo, MN Pres

Како им успеа ова?

Со помош на Владе Дивац.

Генралниот менаџер на франшизата Сакраменто остави длабок печат во НБА лигата и неговиот збор значи, поместува планини, таму на Запад. Така е и сега, што отворено беше потврдено од Александар Ѓорѓевиќ за кошаркарскиот портал basketballsphere.com.

mondo.rs

Српскиот селектор и Владе Дивац беа соиграчи, во Партизан и во националната селекција. Но, тоа не е причината. Има нешто, што е карактеристично за оваа земја, претставник на поранешната југословенска кошарка.

Секој тренер од Србија, каде и да оди на гурбет, зема барем еден играч од Србија. Кога ќе прашате некој претставник на српската школа што мисли за друг, од таа иста школа, без размислување ви одговара – „Он? Најбољи на његовој позицији!“.

фото: Espreso, Fonet

На теренот и вон теренот може и да се колат меѓу себе, се разбира ова е жаргонски кажано, но кога станува збор за поддршка – тие едноставно СЕ ПОЧИТУВААТ меѓу себе!

Завршен коментар не е потребен, нели ???…