ПОЧЕТНА Во позадина Какви сме? Па, не сте лоши…

Какви сме? Па, не сте лоши…

сподели

Ова беше генерално комуникацијата со публиката што се најде во нашиот објектив, присутна на трибините во салата Младост, на мечот меѓу Гостивар и МЗТ Скопје Аеродром, во рамките на 15-то коло од домашниот шампионат.

Штета што гостиварци не им подарија победа, за уште подобар впечаток од овој дуел, кој што го запали градот, ја наполни арената и ги подгреа страстите пред финалниот турнир во Купот, што ќе се одржува во Гевгелија (15-17 февруари).

Гостивар ги крева стандардите во македонската кошарка, во поглед на посетеноста и на љубовта што публиката му ја дава на клубот, а воедно и на енергијата што од паркетот се пренесува на трибините и во спротивен правец.

Има време за славје, љубителите на кошарката во Гостивар не смеат да очајуваат по поразот од МЗТ Скопје, затоа што тоа е состав кој што игра на високо ниво и претендира за највисоки дострели во нашата кошарка, а гостиварскиот допрва ќе се уигрува.

Атмосферата беше одлична, публиката беше на врвно рамниште, сите навиваа за своите и никој против другите. Тоа се бара насекаде низ нашите сали, се бара навивачка култура, а не предмети, плуканици и пцости кон и на паркетот.

И, да се корегираме, за насловот… Не сте добри, вие сте ЕКСТРА, во секој поглед! Браво Гостивар!