ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Каде што застана во старата, Блокотехна продолжи во новата година

Каде што застана во старата, Блокотехна продолжи во новата година

сподели

И второто гевгелиско дерби оваа сезона убедливо и припадна на екипата на Блокотехна. Со нешто изменет состав во однос на оној кој ја заврши 2017 година, новиот прволигаш славеше против Кожув со 91:54.

Блокотехна ја најави победата уште во првата четвртина кога по серија од 13:0 поведе со 15:2. По воведните десет минути резултатот беше 33:11, на полувреме Блокотехна веќе водеше со 29 поени разлика и единствената дилема остана конечниот резултат.

Во пресрет на продолжението од натпреварите во БИБЛ лигата, тренерот Марјан Илиевски ја распореди минутажата на сите кошаркари, со исклучок на капитенот Главчев. Во такви услови, новиот играч Боуен беше најефикасен со 14 поени. Исто толку постигна Шалев во тимот на Кожув.

Блокотехна останува на второто место на табелата со биланс од десет победи и два пораза, а Кожув останува на трите победи и деветтата позиција.