ПОЧЕТНА Други репрезентации Кадетките претпоследни на Европското првенство Б-дивизија

Кадетките претпоследни на Европското првенство Б-дивизија

сподели

За разлика од нивните колеги на иста возраст, кошаркарите до 16 години не се прославија на првенството во Подгорица.

Без ниедна победа, нашите кадетки завршија на 22. место, а го избегнаа дното само поради тоа што Албанија беше послаба во групната фаза и не играше за пласман од 17. до 22. позиција.

Во групата, македонските кошаркарки загубија од Велика Британија, Грција, Шведска, Црна Гора и Исланд, а потоа во борбата за пласман, уште од Бугарија и Косово.

Аплицирајте веднаш за

Титулата на шампионатот во Подгорица ја освои Шведска која во финалето ја совлада Грција со 51:41. Заедно со нив, во А-дивизијата оди и Финска.

За потсетување, кошаркарите до 16 години го освоија третото место на Европското првенство Б-дивизија во Сараево и на своите наследниви им обезбедија пласман во елитата идната година.