ПОЧЕТНА Женска кошарка Кадетките на Бадел 1862 и идната сезона ќе играат во регионалната лига

Кадетките на Бадел 1862 и идната сезона ќе играат во регионалната лига

сподели

Четврта година по ред, кадетскиот тим на Бадел 1862 ќе учествува во регионалната ВАБА лига.

За претстојната сезона, Бадел пријави екипа во конкуренцијата У17 во која ќе настапи со кошаркарки родени 2002 и само две од 2001 година. Истиот тим лани во лигата У15 стигна до четвртфиналето.

„Целта ни е оваа талентирана генерација да има што е можно поголем фонд на силни меѓународни натпревари, во овој случај најмалку осум. Седум кошаркарки од оваа генерација се на поширокиот список на македонската репрезентација У16 која ќе настапи на Европското првенство Б-дивизија во Скопје. Системот на натпреварување во регионалната кадетска лига е турнирски, еден турнир ќе се игра во Софија, а на два ќе бидеме домаќини ние во Скопје“, изјави за basketball.mk претседателот на Бадел 1862, Љупчо Павловски.

Бадел 1862 е во групата Б заедно со: Будуќност, Рагуса, Цинкарна Цеље, Марибор, Славија Софија и Загреб. Првиот турнир се игра на 29 октомври во Софија, а другите два на 26 ноември и 17 декември во Скопје. Плеј-офот почнува на 27 јануари 2018 година, а завршниот турнир е во март, но домаќинот ќе биде дополнително одреден.

Аплицирајте веднаш за

Тренер на екипата на Бадел 1862 е познатиот стручњак Анета Глигорова, а нејзин помошник поранешната македонска репрезентативка Јасмина Герасимовска.