ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кадетите со осум играчи и одржаа лекција на Белгија

Кадетите со осум играчи и одржаа лекција на Белгија

сподели

Репрезентацијата на Македонија ја оствари првата победа на Европското кадетско првенство Б-дивизија што се одржува во Сараево.

По поразот од Русија, нашите кошаркари ја совладаа Белгија со 80:68 и сега имаат реални шанси за пласман во нокаута фазата бидејќи победија директен ривал за второто место во групата.

Аплицирајте веднаш за

Пресуди одличното прво полувреме во кое македонската селекција направи предност од 17 поени разлика (49:32). Во третата четвртина Белгија успеа да се врати во игра, но и финишот им припадна на нашите играчи кои стегнаа во одбраната и во последните десет минути примија само осум поени.

Селекторот Александар Јованчев го одигра натпреварот со само осуммина кошаркари, но сите кои се појавија на теренот го дадоа максимумот.

Белгија беше подобра под кошевите, оствари дури 16 скока повеќе (55:39), но македонската репрезентација погоди 58,5% од ударите за 2 поена и тоа беше еден од факторите за победата.

Андреј Андоноски со 22 поена го предводеше нашиот национален тим. Противник на Македонија во третото коло ќе биде Словачка, кикс не е дозволен.