ПОЧЕТНА Други репрезентации Кадетите против Шпанија, Летонија и Израел на Европското првенство

Кадетите против Шпанија, Летонија и Израел на Европското првенство

сподели

Во елитата нема слаби репрезентации, па на македонската кадетска репрезентација не можеше да и паднат лесни противници на контненталниот шампионат.

Првенството ќе се одржи во Удине од 9 до 17 август, а оваа генерација на нашата кадетска селекција доби подарок од своите повозрасни колеги, кои што минатото лето обезбедија пласман во А-дивизијата, со освоеното трето место на првенството од Б дивизијата одиграно во Сараево.

Противници ќе бидат актуелниот европски вицешампион во оваа конкуренција Шпанија, потоа Летонија и Израел кои воопшто не се наивни и имаат долга кошаркарска традиција. Бранител на титулата е Хрватска која во финалето во Нови Сад ја победи Шпанија со 71:70. Дел од тие кошаркари ќе играат и во Удине.

Аплицирајте веднаш за

Заедно со Македонија, во А-дивизијата од Европското првенство се пласираа и селекциите на БиХ и Русија.

МКФ неодамна го одреди селекторот на кадетската репрезентација, тоа е Денис Дервишевиќ кому ќе му помага Александар Ашаданов, а ментор им е искусниот Марјан Лазовски. Селекцијата веќе почна со подготовки и во моментов е на силен меѓународен турнир во Клуж, Романија.