ПОЧЕТНА Младински школи Кадетите на МЗТ Скопје подобри од Хувентуд

Кадетите на МЗТ Скопје подобри од Хувентуд

сподели
фото: МЗТ Скопје

Младите кошаркари на МЗТ Скопје победија со 63:49 во првиот од двата предвидени пријателски натпревара со своите врсници од Хувентуд 2.

фото: МЗТ Скопје

Мечот беше од затворен карактер и се водеше само конечниот резултат, но не и индивидуалниот ефект на кошаркарите. Хувентуд ја имаше контролата над резултатот само во првата четвртина, потоа МЗТ Скопје направи пресврт и до крајот на натпреварот не го испушти водството.

фото: МЗТ Скопје

Претстои уште еден натпревар за тимот предводен од Дарко Димитријевиќ со истиот противник по што младите играчи се враќаат во Македонија.