ПОЧЕТНА Младински школи Кадетите на Вардар втори на силниот турнир во Милано

Кадетите на Вардар втори на силниот турнир во Милано

сподели

Кадетската екипа на Вардар го освои одличното второ место на силниот меѓународен турнир во Милано.

Во финалниот натпревар, “црвено-црните” доживеаја минимален пораз од домаќинот Емпорио Армани со 54-56 иако до самиот крај натпреварот беше отворен и малку недостасуваше победата да му припадне на нашиот тим. Со одличниот настап во Милано, Вардар уште еднаш потврди дека има фантастична школа и е постојан расадник на млади таленти.

Покрај Вардар и домаќинот Емпорио Армани, на турнирот во Милано учествуваа уште Варезе, Блуоробика Бергамо, Химик Јужни и Химки Москва. Во следниот период, кадетскиот тим на Вардар го очекуваат уште некои силни меѓународни турнири на кои традиционално учествува.