ПОЧЕТНА НБА Кавгата што се заканува да уништи цела династија

Кавгата што се заканува да уништи цела династија

сподели

По четири финалиња и три титули во последните четири години, над Голден Стејт Вориорс надвиснаа темни облаци. Една кавга беше доволна не само екипата да влезе во криза, туку да направи бура и во соблекувалната и во канцелариите.

Шампионот ја преживува најголемата криза откако е Стив Кер тренер на екипата, претрпе четири порази по ред, првпат во овие четири години не успеа да победи на турнеја и падна на петтата позиција во Западната конференција. Пласманот во оваа фаза од сезоната нема големо значење за крајниот епилог, но она што се случува во тимот, сигурно може да влијае.

Аплицирајте веднаш за

По повредата на Стеф Кари, конфликт имаа двајца стартери, двајца кошаркари од кои многу зависи играта на Голден Стејт – Кевин Дурант и Дрејмонд Грин. Дурант не сака многу да зборува на таа тема, но колку и да крие, јасно е какви последици остави таа кавга.

„Не мислам дека имам вистински проблем со него, го познавам и знам дека знае да издрдори глупости, но исто така на оваа тема масло долеаја медиумите“, изјави најдобриот играч од последните две финални серии во НБА лигата

Можеби поради неговата присебност и тактичност во овие моменти, целиот гнев на раководството на Вориорс е насочен кон Дрејмонд Грин за кого се почесто се зборува дека може да биде трејдуван. Крилниот центар не е во кремот на НБА лигата, но во овој тим на Голден Стејт одамна си го најде своето место, а Кер го знае најдобриот начин како да го извади максимумот од него.

https://twitter.com/TheFuzzNBA/status/1065319391343009792

Шампионот има замена за него, Демаркус Казнс кој дојде во текот на летото, но тој има повреда на Ахиловата тетива и никој не знае кога ќе се врати на терените. Можно е дури да ја пропушти цела сезона.

Во такви услови, евентуален трејд на Грин може да ја уништи целата концепција на Голден Стејт, а со тоа да ги врати шансите на ривалите да го симнат од шампионската позиција. Особено што екипите на Западот оваа сезона се израмнети и секој кикс значи пад на табелата, а со тоа и во борбата за конечниот пласман.