ПОЧЕТНА АБА И ФМП има свој Чековски

И ФМП има свој Чековски

сподели

Речиси сите екипи од Европа деновиве ќе ги почнат подготовките за новата сезона, а некои од нив уште ги комплетираат составите.

ФМП две години по ред игра во финалето од српското кошаркарско првенство и повторно ќе има силен тим иако дел од најдобрите играчи се преселија во Црвена Звезда. Во текот на минатата сезона Филип Човиќ, а во текот на летото и Мајкл Оџо заминаа во актуелниот шампион на Србија.

Едно од поинтересните имиња кои ќе го облечат дресот на тимот од Железник е словачкиот центар Михал Чековски. Иако презимето е многу познато за македонската јавност, 24-годишниот кошаркар повеќе го споредуваат со Јан Весели, според конституцијата и начинот на игра.

Аплицирајте веднаш за

За жал, Чековски нема да можеме да го видиме во живо во земјава бидејќи по шест години, Македонија нема да има претставник во АБА лигата каде се натпреварува ФМП?