ПОЧЕТНА Избор на уредникот И Морнар е подобар, ќе има ли проблеми за МЗТ Скопје?

И Морнар е подобар, ќе има ли проблеми за МЗТ Скопје?

сподели

Македонскиот шампион одигра два натпревара во АБА лигата, забележа една победа и еден пораз. Загубениот меч во Белград, од ФМП, е моментот што го засени тешко извојуваниот триумф против Партизан и што ја расипа сликата за Аеродромци.

Две екипи се без пораз (Цедевита, Звезда), две екипи се без победа (Партизан, Задар), а останатите 8 во јадранското натпреварување имаат по една победа и по еден пораз.

Аплицирајте веднаш за

Во таа група, најдобра е екипата на ФМП која што против нашиот претставник вежбаше како против сталки (100:72), особено во последниот период (30:11), на што укажаа и тренерот на МЗТ, Александар Тодоров односно капитенот, Дамјан Стојановски.

По поразот во првото коло, составот од Железник натепа позитива со металците (+21), а нам ни натовари негатива што ќе ја бркаме во следните неколку кола (-25). Последна на табелата, во позициите што водат во доигрувањето е екипата на Предраг Самарџиски, Мега Бемакс.

Следува Морнар, потоа доаѓа Цибона на 6-та позиција, пред Игокеа по фамозната победа против Будуќност. Токму црногорскиот тим на 8-та и словенечкиот претставник Олимпија на 9-та, кои што имаат одлични состави, ни се некаква утеха за нашата 10-та позиција по две кола.

За Партизан знаеме дека е во најнеповолната позиција во својата историја, по крајот на минатата сезона му се закануваше и гаснење, а Задар е фенерџија во АБА лигата долги години и не изненадувачки пласманот на хрватскиот тим на последната позиција.

Распоредот вели дека следниот гостин во Јане Сандански е токму Задар, кој што мора да си замине од Скопје со наведната глава.

Секое опуштање, може да не чини пропаст на уште една сезона, можеби онаа во која што очекуваме македонската димензија во МЗТ да ги донесе најдобрите резултати и највисокиот пласман, во овие 6 јадрански години.

Карпош Соколи и Шкупи се двојната домашна програма, во која што репризата на македонското финале ќе биде силен испит за сино-белите, а следниот натпревар треба да е само загревање за гостувањето кај Игокеа. По триумфот на тимот од Александровац против Будуќност, тешко дека некој ќе се изнаигра во Лакташи.

Потоа во Скопје ќе дојде и Цибона, во меѓувреме се оди во Струмица, следната дестинација е Белград кај Црвена звезда, пред гостувањето кај регионалниот шампион ќе се одигра меч против Блокотехна, па се гостува во Куманово, па дома со Мега Бемакс…

Распоредот има променлива линија, според квалитетот на екипите и според теркот дома-гости, но темпото е силно. Се играат мечеви на пет или на три дена. Во просек, тоа се два меча неделно, што и не е толку лесно.

Да не ги заборавиме и периодот за патување во регионалната лига, односно ќутекот што се јаде на мечевите со фајтерските екипи, кои што гризат за опстанок и за свое парче од колачот во АБА лигата.

Бевме видно возбудени по победата против Партизан, ФМП не рогна во задникот и не спушти на земја.

Сега сме резигнирани и очекуваме македонската екипа МЗТ Скопје Аеродром, да ни го пружи својот максимум, да ни овозможи да ги изгориме дланките и грлата за поддршка, да не си/ни дозволи да се крие/ме со маиците преку глава, во кошаркарскиот свет.