ПОЧЕТНА А Репрезентација И МКФ ПОТВРДИ: Македонија-Косово во Гевгелија!

И МКФ ПОТВРДИ: Македонија-Косово во Гевгелија!

сподели

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски и градоначалникот на Гевгелија, Сашко Поцков ја официјализираа соработката помеѓу двете страни која ќе резултира со одигрување на натпреварот од претквалификациите за Евробаскет 2021 на сениорите против Косово, закажан за 2 декември.

Градот Гевгелија, односно спортската сала „26 април“ ќе биде домаќин на нашата сениорска репрезентација која ќе се обиде да запише трета победа во низа во оваа фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021.

„Македонската кошаркарска федерација сака да му се заблагодари на градоначалникот Поцков, како и на градот Гевгелија за подадената рака како и за условите на одигрување на натпреварот – од комплексот хотели до спортската сала.

Ја цениме иницијативата на градоначалникот како и залагањето за да се оствари оваа соработка кое го покажа во изминатиот период. Со нетрпение го очекуваме 2. декември“, напиша МКФ на својата интернет страница.

Аплицирајте веднаш за

Преговорите и подготовките за овој натпревар почнаа уште кон крајот на септември, но требаше да се решат некои работи од организациски аспект со оглед на тоа што Гевгелија нема искуство кога станува збор за настапите на репрезентацијата.

Тоа е и нормално ако се знае дека од своето формирање пред две ипол децении, нашиот кошаркарски национален тим никогаш не играл во најјужниот град, а на прсти можат да се избројат натпреварите во другите градови, освен престолнината.

Последен пат македонската репрезентација играше надвор од Скопје на 14 септември 2016 година во квалификациите за Евробаскетот 2017. Противник ни беше Велика Британија која во Кавадарци славеше со 89:62.