ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА И АВ Охрид го скрши мразот, Шкупи остана единствен без победа

И АВ Охрид го скрши мразот, Шкупи остана единствен без победа

сподели
фото: ohridnews.com

Благодарение на одличното второ полувреме во кое постигна 60 поени, суперлигашот од минатата сезона дојде до првиот триумф во новата сезона, дури во нејзиното осмо коло.

АВ Охрид триумфираше со 90:101 по неколкуте добри игри во последните натпревари од Првата лига кои не ги круниса со триумф. Тешко му беше на охридскиот тим и во првото полувреме против Шкупи, имаше негатива од 45:41.

Аплицирајте веднаш за

Гостите го почнаа второто полувреме со серија од 11:0, во 27. минута имаа +16 (49:65) и тука го скршија отпорот на мотивираниот, но лимитиран ривал.

Во последната четвртина предноста на АВ Охрид изнесуваше и 22 поена (63:85), но Шкупи во финишот успеа да се избори за поднослив пораз.

Тренерот Чочороски им даде шанса на сите кошаркари, шестмина од нив постигнаа двоцифрен број поени, а најефикасен беше Крег со 16. Кај Шкупи, кој остана единствена екипа во Првата лига без победа во досегашниот дел од сезоната, прв стрелец беше Ервин Цого со 23 поени на кои додаде девет скока.