ПОЧЕТНА Евролига Итудис ќе си ги скара ѕвездите пред финалниот турнир?

Итудис ќе си ги скара ѕвездите пред финалниот турнир?

сподели
euroleague.net

Стратегот на ЦСКА Москва, изјави дека за него само еден играч, е лидер во екипата. Според Димитрис Итудис, францускиот интернационалец имал подеми и падови во формата, но откако тој дошол на кормилото на руската екипа, за него отсекогаш лидер бил Нандо Де Коло.

„Поминав многу време разговарајќи со него за случувањата, на и вон теренот. Очекувам Де Коло да ја поведе екипата и на претстојниот завршен турнир во Евролига, од 17-ти до 19-ти мај, како што го правеше тоа и досега.

Тој ја разбира одговорноста што ја има, како што разбираме и сите останати која ни е улогата. Мислам дека Де Коло ќе одговори ан предизвикот, соодветно.“ – се зборовите на Димитрис Итудис, тренерот на ЦСКА Москва.

euroleague.net

Дали оваа изјава на Гркот ќе има ефект кај другите ѕвезди во тимот како што е на пример Чачо Родригез, или тие ќе останат максимално професионални без обиди да се докажуваат и истакнуваат пред посочениот играч, ќе видиме на завршницата во Виторија.