ПОЧЕТНА Избор на уредникот ИСТОРИЈА: Прва НБА трилогија

ИСТОРИЈА: Прва НБА трилогија

сподели

Соочувањето на Голден Стејт Вориорс и Кливленд Кавалирс, во финалната серија сезонава, е прво трето последователно соочување на две исти екипи во битката за прстените во НБА лигата. Во претходните две сезони, двете екипи си поделија по еден трофеј. 2015-та победија Вориорс, минатата сезона Кавалирс.

Најмногу финални соочувања во историјата на НБА лигата имаат Бостон и Лос Анѓелес, вкупно 12, со 9 победи на Селтикс и 3 на Лејкерс. Но, двете најзвучни и најекспонирани НБА франшизи никогаш не одиграле три финални серии по ред.

Леброн Џејмс ќе го одигра седмото последователно финале, што е исто така историски учинок во модерната ера. Претходно играше две последователни финалиња со Мајами против Сан Антонио, еднаш победи, еднаш загуби.