ПОЧЕТНА АБА Историски ден: Претставена е Олимпија Цедевита

Историски ден: Претставена е Олимпија Цедевита

сподели
фото: Цедевита Олимпија

Вицешампионите на Хрватска и Словенија се фузираа во еден клуб со што во дело е спроведена идејата објавена минатата недела.

Новоформираниот колектив ќе се вика Цедевита Олимпија и ќе живее во Љубљана, а ќе игра во арената Стожице. Творците на овој проект сметаат дека со ова направиле вистинска работа. Единствено не се знае името на новиот тренер: дали тоа ќе биде Јуре Здовц кој неодамна потпиша повеќегодишен договор со Олимпија или Славен Римац кој ја води Цедевита.

„Сето ова го правиме бидејќи ја сакаме кошарката. Создаваме! Ова е нов, пионерски, авангарден момент, првпат во Европа два професионални клуба од различни држави се спојуваат.

Тоа никој досега не го направил, во ниеден спорт. Горд сум и возбуден, ова не е заминување на капиталот од една држава во друга, туку рамноправно спјување на два кошаркарски клуба“, изјави претседателот на Цедевита, Емил Тедески.

Цедевита Олимпија ќе игра во АБА лигата како словенечки клуб што значи дека Хрватска загуби едно место во регионалното натпреварување. Од друга страна, АБА 2 останува со еден тим помалку бидејќи Олимпија требаше да игра во таа конкуренција.