ПОЧЕТНА НБА Историскиот Ол-Стар викенд 2022, во Кливленд

Историскиот Ол-Стар викенд 2022, во Кливленд

сподели

Во годината кога ќе прослави 75 години од своето постоење, НБА лигата ќе ја одржи ревијата на најдобрите во Квикен Лоанс Арена.

Тоа ќе биде прв пат по 1997-та година, сите ѕвезди да се соберат на викенд дружење и уживање за публиката, во кошаркарскиот центар во Охајо.

Ол-Стар викендот 2019-та ќе се одржи во Шарлот, следната 2020-та година ќе биде во Јунајтед Центар во Чикаго, потоа 2021-та во Филдхаус во Индијана.

Аплицирајте веднаш за

Трите егзибициски февруарски дена во НБА календарот, предвидуваат натпревар меѓу два тима составени од играчите што ги драфтуваат капитените, кои што се двата играча со најмногу гласови од публиката.

Стартните петорки ги бираат омбинирано публиката, играчите и медиумите, а стратези на екипите се двата тренера со најдобар резултат.